(ВИДЕО) Над 20 милиони кинези го видоа Охрид на CCTV

По подолга пауза продолжува светската промоција на Охрид, но овој пат на иницијатива на приватни компании.

Кинеската национална телевизија CCTV објави неколку репортажи за Охрид кои на порталот на телевизијата за неколку дена надминаа 20 милиони прегледи.

Во репортажите се прикажани природните убавини и културното и историско наследство на Охрид кое со светско значење и е под заштита на УНЕСКО.

ДМЦ БАЛКАНС дел од репортажата

Во прилозите гостуваат туристички водичи од инкаминг туроператорот „ДМЦ Балканс“ како и сопственикот на агенцијата Филип Стефаноски.

ДМЦ Балканс е туроператор кој носи најголем дел од туристите од Азија кои ја посетуваат Македонија ( Малезија, Сингапур и Хонг Конг ), а оваа година агенцијата продолжува со освојување на далекуисточниот пазар , пред се Кина и Јужна Кореја.

ВИДЕО

Охрид и ДМЦ Балканс пред милиони гледачи во Кина

Охрид и ДМЦ Балканс пред милиони гледачи во Кина

Posted by Megastar PR on Saturday, August 10, 2019

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close