Зоки Кичеец пренесен во приватна болница за да му се изврши колоноскопија

Вечер дознава дека еден од двјацата притовореници за случајот „Рекет“, Зоран Милески – Кичеец по негово барање од притворот во Шутка заминал и е пренесен во клиниката на Жан Митрев.

На Кичеец кај Жан Митрев треба да му се изврши колоноскопија и тоа постапката ќе трае дури три дена.

*Колоноскопија е тест, каде што лекарот со помош на колоноскоп (тенко црево) гледа во долниот дел на гастроинтестиналниот тракт (ректумот, дебелото црево и завршниот дел од тенкото црево). Колоноскопот се внесува преку анусот, во ректумот, натаму кон дебелото црево се до цекумот дел од дебелото црево каде се среќава со тенкото.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close