Претрес во Шутка по фотографијата објавена од Боки 13 во дворот од затворот

Откако Охрид 1 објави фотографија од Бојан Јовановски познат како Боки 13 како шета во дворот на затворот „Шутка“, директорот на затворот наредил да е изврши претрес во затворот.

Боки 13 заедно со Зоран Кичеец е во притвор поради случајот „Рекет“.

Инаку на фотографијата се гледаат Боки 13 и уште едно лице, а непознато е кој ја направил фотографијата, која е објавена на социјалните мрежи. Фотографијата се објавува во време кога италијански новинар емитува аудио и видео снимки од тоа како Боки 13 и Зоки Кичеец договараат рекет од бизнисменот Орце Камчев.

Обвинителството за организиран криминал и корупција ги сомничи Јовановски и Милевски дека рекетирале познат бизнисмен кој бил под истрага на СЈО. Првоосомничениот Јовановски од бизнисменот барал, и успеал да добие, пари во замена за ослободување од кривично гонење. Од првично бараната сума од 8 милиони евра, цената била спуштена на 5 милиони, за на крајот 1,5 милиони евра му биле исплатени на првоосомничениот од страна на бизнисменот. Меѓу осомничените и бизнисменот за кој се воделе истражни постапки биле реализирани повеќе средби за кои посредувал второосомничениот Милевски.

 

 

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close