(АУДИО) Катица Јанева пукала со пиштол

Во трет разговор објавен од италијанскиот весник, каде повторно се слушаат гласовите на Боки 13 и Орце Камчев, се зборува за Катица Јанева.

Разговорот почнува откако Боки 13 и ѕвони на Јанева, а таа не одговора на телефонскиот повик. Тогаш разговорот го почува Камчев кој го прашува Боки 13 што се случува.

„И пишав СМС дека сме завршиле. Бидејќи можеби пука се уште“, вели Боки 13.

„Што да пука“, прашува Камчев.

„Пука денеска“, одговара Боки 13. „Кај пука?“, заинтересирано прашува Камчев.

„Со пиштол“, вели Боки 13. „Не те разбирам“, враќа Камчев.

„Со пиштол пука, па да не не слуша поради тоа, Катица“, вели Боки 13

„Кај пука, она пука“, повторно прашува Камчев. „Аха“, вели Боки 13.

„На стрелиште?“, вели Камчев. „Да бе“, вели Боки 13. „Не ме заебавај“, враќа Камчев.

„Не те заебавам“, вели Боки 13 „На стрелиште пукаат?“, повторно прашува Камчев. Камчев се смее, по што му се обраќа на Зоки Милевски, познат како Зоки Кически.

„Ти си знаел за оваа работа?“, му вели Камчев на Кически, по што добива одговор „Не“. „Да, еднаш неделно“, вели Боки 13.

Зоки Кически и Орце Камчев зачудено го прашуваат Боки 13: „Обвинителите од СЈО?“ „Носат пиштоли во нив?“, прашува заинтересирано Кически.

„Да“, им одговара Боки 13. „Во ташна“, прашува Камчев.

„Во Камник и ќе си седнат после на лапачка“, констатира Камчев. „Тоа не е тешка работа“, вели Кически.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close