Преку 200.000 луѓе протестираа во Барселона

Двесте илјади луѓе, според полициските проценки, учествуваа во саботата во Барселона во знак на протест против судењето на дванаесете лидери на Каталонија за обидот за отцепување на таа шпанска покраина во октомври 2017 година.

Една говорничка на собирот, организиран од страна на сепаратистичките партии и здруженија, оцени дека на протестот учествуваат 500.000 луѓе кои одеа во поворка зад транспаренти на кои пишуваше „самоопределувањето не е кривично дело“.

Демонстрантите носеа сино-црвено-жолто каталонско сепаратистичко знаме и транспаренти со пораки „Слобода за политичките затвореници“.

„Сето ова е многу тажно. Ова е политичко судење со манипулација со цел да се осуди нешто што воопшто не е кривично дело“, рече Хесус Родригез, претседател на групата Кастелера.

„Сакаат да ги затворат, а бидејќи знаат дека гласањето не е кривично дело, измислија насилство што не се случи“, додаде 48-годишниот.

Во вторникот, во Мадрид започна судењето на дванаесете каталонски лидери, поддржувачи на независноста, за обид за отцепување на Каталонија во октомври 2017. Обвинетите, во зависност од случајот, се обвинети за бунт, проневера и непослушност.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close