Финансиска криза во Дубаи: Луксузните вили поевтини од кога било

Цените на вилите во Дубаи се паднати на најниско ниво во изминативе десет години, како последица на финансиската криза што се надвисна како темен облак над градот во Обединетите Арапски Емирати, покажуваат податоците на американската компанија Cavendish Maxwell.

Просечната цена за куќа за едно семејство во атрактивниот град е падната за 24% во изминатата година и сега изнесува околу 495.500 американски долари. Ваква цена немало во изминатите 11 години, иако владееше глобална рецесија, покажуваат податоците на веб страницата Properity Monitor.

Просечна вила во Дубаи сега се продава за помалку пари отколку во најмрачните денови на глобалната финансиска криза што најтешко го погоди Дубаи во периодот од 2010 до 2011 година.

Цените сега, исто така се пониски отколку во кој било миг по падот на цената на нафтата во 2015 година.

Само во јуни годинава цените на недвижнините во Дубаи паднаа за 15% во споредба со истиот период минатата година.

Иако стопанството на Дубаи и понатаму е солидно, а го придвижуваат речиси 8 милиони странски државјани кои живеат и работат во овој град, непрекинатото градење го спречи растот на вредноста на недвижнините.

Најтешко е погоден секторот на луксузни вили каде цените се паднати за повеќе од 25%.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close