Гутереш ги повика Индија и Пакистан да се воздржат

Генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш ги повика Индија и Пакистан да се воздржат од какви било чекори кои би имале влијание врз статусот на Кашмир. Притоа се повикува на спогодбата за односите меѓу двете земји од 1972 година во која се наведува дека конечниот статус на Џаму и Кашмир мора да биде решен по мирен пат, во согласност со Повелбата на ОН. До повикот на Гутереш доаѓа откако Индија деновиве ја укина автономијата на Кашмир.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close