Грчките студенти најавуваат нови протести од септември против укинувањето на студентскиот имунитет

Продолжуваме динамично од септември да се бориме против одлуките на владата, велат студентите кои вчера се собраа на протест во центарот на Атина, за да го изразат нивното незадоволство од законот за укинување на студентскиот имунитет, собир одржан во исто време додека грчкиот Парламент гласаше и ги изгласа измените.

Студентите со кои поразговара дописничката на МИА од Атина сметаат дека со новиот закон, полицијата ќе може своеволно да влегува и да интервенира во универзитетите.

-Ако владата наметне присуство на полиција на универзитетите, контрола кој ќе влегува кој нема да влегува и ако се обиде да го спречи студентското движење, ќе добие соодветен одговор, коментира студентот Василис кој објаснува дека веќе постои мобилизација кај универзитетската заедница, студентите, вработените, па дури и дел од професорите кои им изразуваат поддршка на студентските движења кои го организираа протестот.

-Владата презентира една лажна слика за универзитетите, дека наводно таму се прават криминални дела, има трговија со дрога и постојат сомнителни елементи, нешто што во голема мерка е лага, бидејќи на универзитетите не постои криминал, како што има на други места, вели студентка Андониа која додава дека не треба да се заборави дека падот на хунтата во Грција започна по студентскиот бунт.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close