Шенахан се уште не утврдил колку пари ќе му даде на Трамп за изградба на ѕидот

Вршителот на должност министер за одбрана на САД, Патрик Шенахан изјави синоќа дека се уште не утврдил колку финансиски средства од Пентагон ќе пренасочи за американскиот претседател Доналд Трамп за изградба на ѕид кон Мексико поради спречување влез на илегални мигранти.

Шенахан, кој се наоѓа привремено на функцијата шеф на Пентагон по оставката на Џим Матис, тоа им го изјавил на новинарите кои се враќале со него во Вашингтон по посетата на Авганистан, Блискиот Исток и Европа.

Тој нагласи дека од денска ќе почне да се занимава со деталите од одлуката на Трамп.

Трамп со потпишување на одлуката за воведување вонредна состојба во петокот на Шенахан му даде овластување да пренасочи пари за изградба на ѕидот, а Белата куќа од Пентагон очекува 6,1 милијарда долари.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close