Героски: Зоки Муртичи, Рада Медичи, Катица Прасичи и Боки Тредичи – уна сториа ди аморе!

Новинарот Бранко Героски објави нова колумна, во која пишува:

Заев или не може или не смее да ги слуша оние што сакаат да му помогнат, па затоа “тргува со умот” со криминогени типови со кои е опкружен и со луѓе што секако политички ќе го уништат. Уште целосно не ги разбирам причините за овој неверојатен политички суицид на отворена сцена.

Другарки и другарчиња, да ве потсетам.

Уште во првата од серијата приказни за Коки, Фрики, Кики и другите, со кои ја најавив аферата “Рекет”, најпријателски го посоветував премиерот Зоран Заев скандалот веднаш да го затвори по принципот “кој коњ се фати, тој врши”. Тогаш тоа сė уште беше можно.

Наместо да го послуша добронамерниот совет, премиерот го подигна гардот и одлучи да чека. И тој и јас и многу други луѓе знаевме дека постојат несоборливи докази за бомбашкиот милионски рекет и за инволвираноста на Катица Јанева во аферата. Ама кому да објасниш…

Во продолженијата од серијата приказни, навестив дека станува збор за огромен скандал и го посоветував Заев да не губи време да го отплеткува Гордиевиот јазол, туку да постапи како Александар Велики – да го иссука  мечот и да го пресече јазолот. Наместо да ме послуша, веројатно со негово знаење, апологетите на Заев спроведоа истрага со цел да ги откријат моите извори, ме изложија на клеветнички напади и на класични измислици и ме означија за рушител на СДСМ и на владата, напиша Героски.

Текстот во целост на: plusinfo.mk

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close