(ВИДЕО) Нефи: Чекаме да се исполни договорот потпишан со Тунтев

Советникот Нефи Усеини денес пред медиумите повика да се урнат сите дивогадби во Охрид, почнувајќи од бројот 1 до 1401.

Усеини кажа дека прво треба да се урнат сите дивоградби на кејот, потоа на Галичица и на крај да се стигне во градското јадро.

Тој рече дека против него се води политичка хајка која има за цел да ја дефокусира јавноста од најголемата круптивна афера во државата, со случајот „Рекет“ и СЈО на Катица Јанева.

Усеини напомена дека тој има потпишан договор со Томислав Тунтев од кој произлегуваат обврски , пред се во вработувањата, и дека чека тоа да се исполни.

ИНТЕГРАЛНО ВИДЕО ОД ОБРАЌАЊЕТО НА СОВЕТНИКОТ УСЕИНИ

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close