Дачиќ ги отфрли критиките на демократот Мајк Карпентер за српската дијаспора во САД

Шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ синоќа ги отфрли критиките на советникот на некогашниот американски потпретседател Џо Бајден, Мајк Карпентер, кој кажа дека српскиот министер планира да се меша во американската внатрешна политика.

-А кога Евреите гласаат за Трамп, тоа не е мешање, или кога Албанците гласаат за Клинтон. Не зборувам јас за Србија како држава, зборувам за американските државјани од српско потекло. Во САД работите така функционираат. Во Англиската изборна единица Албанците секогаш му носат победа, изјави Дачиќ за „Политика“.

Српската дијаспора во САД треба да се организира „така да никој не ја омаловажува како што тоа сега го прават демократите“, рече српскиот министер.

Карпентер, кој е кандидат на Демократската партија за претседателска номинација, претходно вчера оцени дека најавата на шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ дека ќе ја организира српската дијаспора во САД на изборите да го поддржи Доналд Трамп е знак дека сака да се меша во внатрешните работи на САД.

„Српскиот министер за надворешни работи планира да се меша во американската внатрешна политика така што ќе ги собере српските Американци да го поддржат Трамп во 2020 година“, наведе Карпентер на својот Твитер профил и ја сподели изјавата на Дачиќ.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close