Трамп пречекан со протести на средбата со жртвите од нападите во Тексас и Охајо

Американскиот претседател Доналд Трамп беше пречекан со протести и критики за време на средбата со жртвите и спасувачките тимови од масовните пукања, што се случија минатиот викенд во Тексас и Охајо. Дел од демонстрантите го обвинија дека поттикнува тензии со својата антиимигрантска и расна обоена реторика.

Трамп го посети Универзитетскиот медицински центар во Ел Пасо, на границата со Мексико, каде се лекуваат повредените лица. Нападот го изведе маж, кој на интернет објави антиимигрантски манифест и уби 22 лица во продавницита „Валмарт“.

Стотици демонстранти, од кои некои носеа транспаренти на кои пишуваше „Трамп е расист“ и „Испратете го назад“, се собраа во блискиот парк за да протестираат против неговото присуство.

Претходно, Трамп се сретна и со жртвите од пукотницата во Дејтон, Охајо, каде во болницата Мајами Вели ги посети ранетите од нападот во кој загинаа девет лица плус напаѓачот.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close