Запленети возила на дрвокрадци се продаваат како старо железо

Агенцијата за управување со одземен имот на јавна лицитација како старо железо продаде 267 запленети стари возила и 117 запрежни коли без употреблива вредност за кои веќе има правосилни пресуди.

Како што вели за МИА директорот н Агенцијата Фатон Асани, станува збор за возила кои биле користени за транспорт на нелегално сечени огревни дрва. Тие биле запленети од Шумската полиција и најголем дел од нив биле сместени на плацот на Национални шуми во Струмица, но имало и на локации во Миладиновци, Идризово и Куманово.

-Првпат Агенцијата одеднаш продаде 384 стари возила. Се работи за запленети стари возила за кои веќе има правосилни пресуди и кои непотребно се трупале на плацовите на Национални шуми каде практично го зафаќаа местото за огревни дрва. Со нивната продажба се ослободува голем простор кој може да се користи за складирање на огревни дрва, вели Асани.

Посочува дека процедурата за спроведување лицитација на запленети возила за старо железо е долга  бидејќи треба да се подготват сите неопходни документи и да се изврши увид од стручни лица и проценители за да се види кое од возилата е исправно, а кое може да се продава за старо железо.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close