Министерката Дескоска ќе ја потпише Сингапурската конвенција за медијација

Министерката за правда Рената Дескоска денеска ќе ја потпише Сингапурската конвенција за медијација во Сингапур, каде ќе се сретнат официјални претставници од 50 земји за поддршка и потпишување на новиот меѓународен договор за медијација.

Потпишувањето на оваа конвенција, како што велат од Министерството за правда, е историски настан кој ќе донесе бројни придобивки за странските инвеститори и компаниите преку алтернативното, вонсудско разрешување на меѓународните трговски спорови.

Досега, спогодбите со кои се решаваа меѓународните трговски спорови, а кои беа постигнати по пат на медијација – немаа заштитен механизам и гаранции за прекугранично спроведување.

„Конвенцијата на Обединетите нации за Меѓународни договори за спогодување, што произлегуваат од медијацијата“, позната како Сингапурската Конвенција за медијација, ќе обезбеди прекугранично спроведување и почитување на спогодбите постигнати по пат на медијација, ќе им овозможи на компаниите и меѓународните инвеститори поголема правна сигурност која ќе ја зголеми меѓународната трговија.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close