Бил Гејтс на одмор во Тиват

Американскиот милијардер и вториот најбогат човек на светот Бил Гејтс , соосновач на Мајкрософт , се одмора со семејството во Тиват , односно во наутичко- туристичкиот центар Порто Монтенегро.

Гостите од хотелот потврдија за црногорските медиуми дека Гејтс е отседнат во хотелот ,,Риџент” и дека секојдневно го гледаат на тениските терени на Порто Монтенегро.

Оние што го виделе Гејтс и неговото семејство велат дека се многу едноставни и спонтани луѓе. Тие биле видени и во градот Тиват и во Бока Которска, каде уживаат во туристичката понуда.

Гејтс бил особено импресиониран од убавината на Бока Которска.

Бил Гејтс своето богатство го направи преку работа во Мајкрософт, а денес работи на хуманитарни проекти со сопругата Мелинда.

Според магазинот „Форбс“ , Гејтс во моментов „тежи“ 95,4 милијарди долари, што го прави вториот најбогат човек на светот зад основачот на Амазон и извршен директор,  Џеф Безос.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close