ВО ЖИВО : КОНВЕНЦИЈА НА ВМРО-ДПМНЕ ЗА ИЗБОР НА КАНДИДАТ ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА Р.М

 

Започна конвенцијата на ВМРО ДПМНЕ, Мицкоски убеден кандидатот кој ќе го избереме ќе биде претседате на Македонија

Во Струга во моментов се одржува конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ, каде што партијата треба да го избере својот кандидат за претседател.
Лидерот на партијата Христијан Мицкоски, во куса изјава за медиумите пред почетокот на конгресот рече дека Македонија денеска ќе го дознае името на новиот претседател на државата.

„Денеска го заокружуваме целиот процес. Сите кандидати имаа подеднакви шанси да ги презентираат својата програма, план и визија и јас сум сигурен дека тој што ќе победи денеска во Струга, ќе победи и на претседателските избори, истакна Мицкоски.

Инаку на конгресот има вкупно 551 делегат кои ќе избират еден од деветмината кандидати, кои се пријавија на партискиот конкурс. Во изборот за претседателската кандидатура ќе се натпреваруваат Гордана Силјаноска Давкова, Влатко Ѓорчев, Филип Петровски, Горан Ангелов, Илија Димовски, Сашо Култешовски, Никита Шекутовска, Васко Костов и Ѓорѓи Манасков. Кандидатите ќе имаат по 15 минути можност да ја претстават својата визија пред делегатите, а потоа предвидено е да се премине на гласање.

За избран кандидат, според деловникот на партијата, се смета оној кој добил најмногу гласови, но не помалку од една третина од вкупниот број делегати. Доколку ниту еден од кандидатите не го добие потребниот број или кандидатите добијат ист број гласови, гласањето се повторува. Во повтореното гласање учествуваат двајцата кандидати – оние со најмногу добиени гласови.

Претседателските избори ќе се одржат на 21 април, годинава.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close