ФОТО: Судар кај хотел Силекс

Сообраќајна несреќа се случи попладнево кај хотелот Силекс во Охрид меѓу две патнички возила.

Според МВР, во несреќата нема повредени лица, а причинета е мала материјална штета.

Едното од возилата беше подигнато со пајак-возило и тргнато од патот.

Инаку, во текот на денот повеќепати сообраќајот од центарот на Охрид до плажите во месноста св. Стефан беше блокиран. Поради напливот на туристи, тешко се минува и низ улиците во центарот на градот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close