Тимот на „Орифлејм“ во Охрид – отворени денови, можност за бесплатни тестирања и промоција на производи

Тимот на Орифлејм во Охрид. Станува збор за отворени денови на  1,2 и 3 ти август  тимот  421 ќе биде во Охрид каде што ќе врши: Бесплатно тестирање на кожа, мерење со танита вага и промоција на сите  производи.

Инаку кога зборуваме за Орифлејм ние ја продолжуваме приказната за една успешна компанија која над  50 години, им овозможуваме на луѓето од целиот свет да ја слават својата лична убавина и да ги исполнуваат своите соништа. Тие се творци на висококвалитетни, безбедни и модерни производи за љубителите на убавината и им овозможуваме единствена можност да станат дел од светска заедница за убавина.

Орифлејм е шведски бренд за убавина.

„Сè започна во 1967 година, во мала двособна канцеларија во центарот на Стокхолм. Двајца браќа, Јонас и Роберт аф Јохник и еден нивен пријател, Бенгт Хелстен, разговараа за своите соништа. Сакаа да создадат компанија што е различна и што нуди различен производ. Добија идеја да им дадат можност на луѓето да користат висококвалитетни производи за убавина инспирирани од нашата шведска природа. Во тоа време, ваквиот начин на размислување не беше патот кон успехот, особено не во Шведска. Сепак, тој разговор го означи почетокот на едно неверојатно патување што и понатаму нè инспирира 50 години подоцна“, велат од компанијата.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close