Божиновски: Во општина Охрид се вработуваат лица во блиска роднинска врска со луѓе од власта или партиски послушници

СДСМ и градоначалникот Константин Георгиески спроведуваат брутална партизација на администрацијата.

Од една страна зборуваа за пренатрупана администрација и реформи, а од друга страна секојдневно во јавните претпријатија се отворат огласи, се прават нови систематизации, се преземаат вработени, истакна Перчо Божиновски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.

Георгиески да одговори дали процесот на вработувања се одвива според годишните програми и потреби на институциите?

Дали за Георгиески важи флоскулата едно општество за сите ако институциите ги измениле своите акти за систематизација со единствена цел да ги прилагодат условите согласно квалификациите на кандидатите кои им се однапред познати?

За работните места се вработуваат лица во блиска роднинска врска со луѓе од власта или партиски послушници.

Георгиески и СДСМ го чувствуваат незадоволството од граѓаните, па сакаат да ги задоволат незадоволните партиски послушници во последен момент пред новите избори.

Не можете незадоволството кај граѓаните да го прикриете со земањето К-15. Покрај тоа Јавните претпријатија немаат донесено одлука на Совет за висина на бодот, а партиски подобните земаат повисока плата од останатите иако сите имаат ист степен на образование. Го повикуваме Управниот инспекторат да ги испита овие сознанија.

Дали законот не важи само за партиските луѓе како Васко Паскали и Александар Кузески, па не се санкционира назначувањето во управни одбори и раководни функции во институциите спротивно на законот за спречување корупција и судир на интереси?

ВМРО-ДПМНЕ бара да се испита целата работа од страна на Државната комисија за спречување на корупција.

Вака не се оди напред и кон подобрување на администрацијата туку напротив поради неодговорноста на оваа локална власт назадуваме во спроведувањето на европските стандарди.

Локалната власт на СДСМ е симбол на партизирани институции, непотизам и лажни вести, истакна Перчо Божиновски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close