40-ти Илинденски пливачки маратон

Во организација на пливачкиот клуб “Охридски бранови 2008” Охрид, а под покровителство на Советот на оштина Охрид, традиционално, на 02.08.2019 год. (петок), на патеката Горица – Охрид во должина од 2,5 км, ќе се одржи јубилејниот 40-ти по ред Илинденскиот пливачки маратон Охрид 2019.Своите пливачки способности и вештини ќе ги одмерат околу 60 пливачи од повеќе пливачки клубови од Македонија и странство, кои организирани во две возрасни групи (од 10 до 15 години и 16 години и постари) ќе стартуваат во 10:30 и 10:45 ч. од плажата на х. Парк.
Пристигнувањето на првите пливачи на целта на Градското пристаниште во Охрид се очекува да биде после 11:00 ч.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close