Флашираната вода не е секогаш и најздрава

, Image: 169476277, License: Royalty-free, Restrictions: , Model Release: no, Credit line: Profimedia, Panthermedia

За да може водата за пиење да биде безбедна мора да помине лабораториски тестови и да добие лиценца од специјалист за да се користи за пиење од луѓето.

Некои од најголемите загадувачи се старата инфраструктура, разните хемикалии кои влегуваат во водата и можат да бидат канцерогени и го намалуваат имунитетот, нуспроизводите од индустриското производство, како и опасните пестициди.

За да се осигурате дека водата што ја пиете е исправна и добра, однесете ја во лабораторија на анализа. Проверете во каква состојба се цевките во вашиот дом бидејќи кај старите цевки може да дојде до протекување или да кородираат. Куќите и зградите кои се изградени пред многу години мора да ја поминат оваа проверка.

Исплакнете ги цевките така што ќе ја пуштите водата да тече малку појако од време на време. Оставете водата да тече две до пет минути без престанок за да се исперат цевките.

Флаширана вода не е секогаш и најдобра вода за пиење. Од повеќето познати брендови, постојат некои кои не поминале тестови и во чии производи се најдени и до осум различни загадувачи.

Најдоброто решение е да пронајдете соодветен филтер што ќе ја прочисти водата која ја пиете. На пазарот постојат бројни филтри кои се инсталираат директно во чешми и мијалници, но и бокали со заменлив филтер кој можете безбедно да го користите. Важно е да пронајдете начин кој на вас најмногу ќе ви одговора и кој најмногу ќе ви се исплати.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close