(ВИДЕО) Заев: Дивоградбата на Нефи ќе се руши, по цена на коалицијата во Охрид

Од СДСМ, од свети СДСМ нека е, од каде сака нека е. Законот е еднаков за сите и мора да важи за сите. МВР постапува по пријавата за насилство од Нефи Усеини, а општината донесе решение за уривање на дивоградбата, порача денес македонскот премиер Зоран Заев, објави вечер.мк.

– Ако општината не може да го спороведе решението, владата ќе ги преземе тие интеренции. Ако направил физички напад, ќе одговара, не судам во делот на вина, истрагите ќе си покажат. Предрасуди нема спрема никој. Има општини каде СДСМ нема контрола врз мнозинството во Советите, па тие функционираат нормално. Немаме резерви дали ќе изгубиме мнозинство или не, се работи за закон. Без разлика на последиците. Ова прашање не треба да се политизира, изјави премиерот Зоран Заев во Куманово.

https://www.youtube.com/watch?v=8KA45VfN-2g&feature=youtu.be

Претходно денес, Вицепремиерот, Бујар Османи, изјави денеска дека од ДУИ била воспоставена комуникација со Охрид, како што рече, по инцидентот завчера кога советникот на ДУИ во Општина Охрид, Нефи Усени, нападнал професор и жител на Охрид затоа што пријавил див приклучок на водоводната мрежа.

– Одговорот што го добивме од таму беше дека доколку се почне со неселективно рушење на дивоградбите, ќе ја имаме честа да почнеме од него со рушење. Зошто го кажувам ова, бидејќи неселективниот пристап е најважен. Нема потреба да се партизира и политизира оваа работа. Секој си носи одговорност за постапките, рече Османи за дивоградбата кај чинарот во Охрид.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close