Франција треба да ни е пример барем со овој закон: Три години затвор за политичарите што вработуваат членови на семејството

Францускиот парламент го изгласа Законот за моралност во политичкиот живот, со кој се забранува политичарите да вработуваат членови на нивните семејства, што е прв поголем ваков потфат на претседателот Емануел Макрон. Законот забранува министри, пратеници и членови на локалните власти да вработуваат свои венчани или невенчани сопружници, родители и деца. Казната за ова е до […]

The post Франција треба да ни е пример барем со овој закон: Три години затвор за политичарите што вработуваат членови на семејството appeared first on Скопје1.мк.

Францускиот парламент го изгласа Законот за моралност во политичкиот живот, со кој се забранува политичарите да вработуваат членови на нивните семејства, што е прв поголем ваков потфат на претседателот Емануел Макрон.

Законот забранува министри, пратеници и членови на локалните власти да вработуваат свои венчани или невенчани сопружници, родители и деца. Казната за ова е до три години затвор и 45.000 евра.

Законот беше поддржан од 383 пратеници, тројца се спротивставија и 48 се воздржани. Членовите на владејачкото мнозинство аплаудираа по гласањето за законот.

The post Франција треба да ни е пример барем со овој закон: Три години затвор за политичарите што вработуваат членови на семејството appeared first on Скопје1.мк.

Close