И пукал во глава, па се самоубил – причина љубомора

(52) Жељко Б, државјанин на Босна и Херцеговина, синоќа, на улица во Виена, ја застрелал во глава поранешната девојка, Виолета Ј.(48), која има српско потекло. Како што пренесува австриски „Нaute“, Србинката е во кома и многу е веројатно никогаш да не се разбуди. Според полицијата, мотовот за злосторството е љубомора бидејќи парот раскинал, а девојката […]

The post И пукал во глава, па се самоубил – причина љубомора appeared first on Скопје1.мк.

(52) Жељко Б, државјанин на Босна и Херцеговина, синоќа, на улица во Виена, ја застрелал во глава поранешната девојка, Виолета Ј.(48), која има српско потекло.

Како што пренесува австриски „Нaute“, Србинката е во кома и многу е веројатно никогаш да не се разбуди.

Според полицијата, мотовот за злосторството е љубомора бидејќи парот раскинал, а девојката имала ново момче. Виолета работела како келнерка во „Кафе Ребека“, каде нејзиниот поранешен се појавил, нарачал пијалок и според очевидците, бил смирен и не правел проблеми.

Но, кога нејзината смена завршила, околу 21 часот, Виолета го напуштила локалот, а тој ја следел. По кратка расправија на улицата, Жељко извадил пиштол и пукал во главата на жената, а потоа се самоубил.

Според медиумите кога ја видел како паѓа, го свртел пиштолот кон себеси. Минувачите повикале брза помош.

Според австриските власти  овој инциденет е злосторство од страст. Појаснуваат дека ова е осмо злосторство од страст од почетокот на годинава.

 

The post И пукал во глава, па се самоубил – причина љубомора appeared first on Скопје1.мк.

Close