Теона Стругар Митевска во Пула доби признание Златна Арена за најдобра режија

Филмот „Господ постои, името ѝ е Петрунија“ на Теона Стругар Митевска на штотуку завршениот 62. Филмски фестивал во Пула ја доби Златната Арена за најдобра режија.

Од „Продукција Митевски“ информираат дека петочленото жири едногласно ја има доделено оваа награда на Теона Стругар Митевска, образложувајќи дека прецизната препознатлива режисерска работа успева целосно да го вовлече гледачот во настаните, карактерите, случувањата и општествените околности во филмот.

Ова е веќе седма награда за филмот на меѓународна сцена, а фестивалскиот живот воопшто не стивнува.

„Петрунија“ овој месец продолжува со своeто фестивалско присуство на девет фестивали низ целиот свет.

По Пула, филмот го отвори филмскиот фестивал во Одеса, Украина, од таму е филм на отварање на Мотовун Филмскиот фестивал во Хрватска, а потоа настапува во конкуренција на Авторскиот филмски фестивал во Палич, Србија, па во Кина и Нов Зеланд.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close