(ВИДЕО) Што затекнаа новинарите во куќата на серискиот убиец од Босна?

Босанските медиуми објавија видео од куќата на серискиот убиец Един Гачиќ кој сееше страв во Босна. Инаку Гачиќ на 4. февруари брутално го уби Суад Султаниќ, а на 9. февруари уби и полицаец, после што избега. Един беше ликвидиран  по неколку дневна потрега по него, откако полицијата открила каде се крие, тој почнал да пука […]

The post (ВИДЕО) Што затекнаа новинарите во куќата на серискиот убиец од Босна? appeared first on Скопје1.мк.

Босанските медиуми објавија видео од куќата на серискиот убиец Един Гачиќ кој сееше страв во Босна.

Инаку Гачиќ на 4. февруари брутално го уби Суад Султаниќ, а на 9. февруари уби и полицаец, после што избега. Един беше ликвидиран  по неколку дневна потрега по него, откако полицијата открила каде се крие, тој почнал да пука на нив, а во престрелката бил повреден и еден специјалец.

Се покажа дека Един Гачиќ, поради своите религиозни убедувања и националност, бил жртва на тортура на почетокот на војната во Бања Лука. Индекс.хр пишува дека токму тоа се причините поради кои Гачиќ е „малтретиран“ и „прогонуван“ и оти прогонот на несрпско население и уривањето на верските објекти во градот на Врбас значително влијале на неговата радикализација. Тогаш тој имал 18 години. Со неговата мајка Сифета во 1994 година побегнал во Хрватска, но на крајот на војната, во 1995 година се приклучил на одредот на војската на БиХ „Ел Муџахид“.

Загрижуваат изјавите на експертите кои  предупредуваат дека БиХ е полна со луѓе како Гачиќ.

The post (ВИДЕО) Што затекнаа новинарите во куќата на серискиот убиец од Босна? appeared first on Скопје1.мк.

Close