Ѓукановиќ: Немам намера да поднесам оставка

Црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ за Црногорските медиуми кажа дека нема намера да поднесе оставка, иако, како што кажа, еден дел од црногорската јавност во моментов тоа го сака. Ѓукановиќ, во последно време е на удар на тешки обвинувања од страна на некогашниот пријател, советник и соработник, претседателот на Атлас групата Душко Кнежевиќ. Според Црногорскиот претседател […]

The post Ѓукановиќ: Немам намера да поднесам оставка appeared first on Скопје1.мк.

Црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ за Црногорските медиуми кажа дека нема намера да поднесе оставка, иако, како што кажа, еден дел од црногорската јавност во моментов тоа го сака.

Ѓукановиќ, во последно време е на удар на тешки обвинувања од страна на некогашниот пријател, советник и соработник, претседателот на Атлас групата Душко Кнежевиќ.

Според Црногорскиот претседател аферата Атлас има две цели, од кои првата е Кнежевиќ да се заштити од очигледната кривична одговорнос, а втората, како што тври, и поважна цел е обидот аферата да се стави во функција на вознемирување на јавноста и предизвикување улични протести, односно смена на власта на улица.

Инаку  црногорската полиција денеска го уапси Ж.П. (49) од Андријевица поради сомнеж дека под фотографијата на црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ на „Фејсбук” објавил коментар со заканувачка содржина.

– Ж.П. на неговиот „Фејсбук” профил синоќа објави фотографија на црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ со заканувачки коментар за неговиот живот, се вели во соопштението.

 

 

The post Ѓукановиќ: Немам намера да поднесам оставка appeared first on Скопје1.мк.

Close