Неверојатен феномен во Русија: Три сонциња се појавија на небото

Утринава во северниот дел од Русија, во автономниот округ Јамало-Ненцки, беше возможно да се забележи таканаречен феномен на „три сонциња“, оптичка појава која е објавена на социјалните мрежи.

Станува збор за феномен забележан во близина на центарот за хидрометеорологија и мониторинг за животна средина, за кој директорот на овој центар цели дека не е необичен и несекојдневен во овој регион.

„Тешко ми е да разговарам за овој феномен, бидејќи кај нас, на пример и денеска е облачно. Појавата на феноменот „три сонциња“ е поврзан со честичките, кристалите, ситниот снег и влагата кои се наоѓаат во воздухот“, изјави директорот на овој центар Артјом Кошкин, па додаде и дека ова е прилично често појава во оваа област.

Според неговите зборови, овие феномени се возможни благодарение на низа на фактори, кои најмногу зависат од кондензацијата на стините честици во воздухот.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close