Се сруши авион во Шведска

Во северозападниот дел на Шведска во неделата се сруши туристички мал авион кој носел девет лица на скок од падобран.

Според шведските медиуми, авионот ги носел луѓето за падобран скок, но се срушил неколку минути по 14 часот. Авионот, полетал од аеродромот Умеа.

Аматерските снимки објавени на интернет од страна на шведскиот дневен весник „Афтонбладет“ покажуваат дека авионот паѓа од небото во вертикална линија.

Сведоците рекле дека слушнале чуден звук, кој не звучел нормално. Друг сведок пак рекол дека видел авион како паѓа. Во прв момент сведокот помислил дека станува збор за акробатски лет но брзо сфатил дека нешто не е во ред.

Во авионската несреќа животот го загубиле девет падобранци.

Засега не се познати причините за несреќата.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close