Наташа Поповиќ ја врати публиката, дипломатите и бизнис елитата на „Антички“

Спектакуларен беше годинешниот почеток на „Охридско лето“, Античкиопт театар беше преполн до последно место, се стоеше простум, а стотици луѓе беа на околните ѕидови од каде се пружа глетка на сцената и го следеа отворањето.

По минатогодишните празни гледалишта и најнеславното издание  на „Охридско лето“ кое денес живите генерации го паметот, со новото раководство предводено од Наташа Поповиќ и селекторите , фестивалот бренд успеа да го врати сјајот и да блесне така како што заслужува.

Директорката Наташа Поповиќ како познато име во културата успеа за неполна година да стави се на свое место и да го врати „Охридско лето“ таму каде припаѓа, како најпознат бренд на македонската култура и на градот Охрид.

СЕ ВРАТИ БИЗНИС ЕЛИТАТА И ДИПЛОМАТИТЕ

Покрај стандардното присуство на политичкиот естаблишмент од власта ( кој секогаш е привремен и се менува на секои 4 години ) годинава на отворањето се вратија и менаџерите на големите компании, како и дипломатскиот кор.

Луѓето кои со години се мецени на фестивалот, но и важни имиња од бизнис секторот кои придонесуваат и за фестивалот но и за општеството, на иницијатива на Поповиќ добија покани да го следат спектаклот.

ВИДЕО 

 

 

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close