Градоначалник од Мексико се маскирал во бездомник за да ги тестира социјалните служби

Мексикански градоначалник ги собра симпатиите во градот Куахтемон, откако се преправил во бездомник со посебни потреби и го тестирал односот на социјалните работници.

57-годишниот Карлос Тена останал шокиран кога побарал, а вработените во социјалната служба одбиле да му дадат оброк, кој законски му следувал и се однесувале со него дискриминирачки.

Тој за да делува поубедливо изнајмил и инвалидска количка, а својата маска ја подготвувал два месеца.

Целта на овој експеримент беше да се покаже реалноста со која граѓаните секојдневно се соочуваат, изјави Тена, кој важи за голем борец за човековите права.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close