Одобрен буџетот за избегнување на блокадата на владата на САД

Сенатот и Претставничкиот дом на американскиот Конгрес ја одобрија компромисната финансиска мерка која обезбедува средства за да се спречи новото делумно исклучување на владата без да се обезбедат пари што претседателот Доналд Трамп ги побара за ѕидот на границата меѓу САД и Мексико. Белата куќа објави дека Трамп има намера да го потпише законот, но оти веднаш ќе прогласи национална вонредна состојба што ќе му овозможи да префрли пари од други цели за изградба на ѕидот. Демократите во Конгресот инсистираат на тоа дека на границата нема потреба од прогласување национална вонредна состојба и ветија дека ќе се спротивстават на таквиот потег. Трамп на крајот од јануари потпиша краткорочен план за финансирање до 15 февруари за да се стави крај на делумното исклучување на владата што траеше рекордни 35 дена.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close