Во една држава гром уби најмалку 14 луѓе

Четиринаесет луѓе загинаа од удари на громови во Банлгадеш.

Oва вчера се случило во шест окрузи на Бангладеш, објави весникот Dhaka Tribune повикувајќи се на полицијата и локалните власти.

Четири лица, меѓу кои татко и двајца негови возрасни синови, загинале во областа Пабна, во западниот дел на Бангладеш, кога гром ги погодил додека работел во полето во близина на локалното училиште.

Во округот Мајменсинг, во северниот дел од земјата, млад рибар починал кога го погодила молња, а неговиот постар брат е тешко повреден, но итно му била укажана лекарска помош. Во истата област загинале уште едно момче и маж.

Тројца мажи загинале при удар на гром додека товареле банани на камион, во округот Чуаданга, на западот на Бангладеш. Локалната полиција потврдила за весникот дека во централниот округ Сунамганџ загинале татко и неговиот 12-годишен син додека ловеле риба. Тие биле пренесени во болница, но лекарите не успеале да ги спасат.

Во областа Нетракона, молња убила фармер додека ги напасувал своите крави, во близина на еден од најголемите бангладешки градови Раџшахи, додека друг селанец во истата област загинал во поле.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close