Велика Британија ќе го забрза ослободувањето на иранскиот танкер, но под еден услов

Џереми Хант на својот ирански колега му рече дека Британија ќе го забрза ослободувањето на задржаниот нафтен танкер ако Техеран гарантира дека танкерот нема да отплови во Сирија.

Британската кралска морнарица минатата недела го задржа иранскиот танкер во близина на брегот на Гибралтар под сомневање дека ги крши санкциите против Сирија.

Иран бара Велика Британија да го ослободи бродот и негира дека танкерот треба да достави нафта во Сирија со што ќе се прекршат санкциите на Европската унија.

Хант рече дека телефонскиот разговор со иранскиот министер за надворешни работи бил конструктивен и дека Мухамед Џавад Зариф изјави дека Иран сака да го реши конфликтот и не сака ескалација на тензиите.

„Му потврдив дека причината за нашата загриженост не е потеклото на нафтата од танкерот, туку неговата дестинација и дека Велика Британија ќе го забрза ослободувањето на бродот ако добие гаранција од Иран дека нема да плови кон Сирија по процесот во Гибралтар“, напиша Хант на Твитер.

Техеран тврди дека САД го наредиле задржувањето на танкерот.

Вашингтон му наметна санкции на Иран со цел суспендирање на иранскиот извоз на нафта. Европските држави не му наметнаа санкции на Иран, но му наметнаа на иранскиот сојузник Сирија, откако во земјата избувна војна во 2011 година.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close