(ФОТО) Сообраќајна несреќа помеѓу Ботун и Мешеишта

Сообраќајна несреќа се случи попладнево помеѓу селата Ботун и Мешеишта, Општина Дебрца. Во несреќата учествуваа комбе и автомобил.

Има повредени, кои со брза помош беа пренесени во една од  болниците во Охрид.

Поради несреќата сообраќајот одреден период беше целосно блокиран во двата правци, поради штос е создаде голема колона на автомобили.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close