Дебата за можностите и придобивките од јавно-приватното партнерство

„Јавно-приватно партнерство како економски модел за инвестирање“ е тема на дебата што денеска ќе се одржи во Скопје.

Целта е запознавање за можностите и придобивките што ги нуди јавно-приватното партнерство.

Фокусот на настанот ќе биде на законската рамка на јавно-приватното партнерство, моделите што се применуваат во Република Северна Македонија, разработка на примери на јавно-приватно партнерство во Република Северна Македонија, предности и предизвици на овој модел и препораки за тоа дали и како да се применува оваа алатка за финансирање.

Целта на овој настан е да се отвори процес на дијалог помеѓу сите релевантни и заинтересирани страни, како и подобро запознавање на јавноста за предизвиците и можностите што ги нуди јавно-приватното партнерство како модел, за досегашната пракса и искуства, а поттикнати од примената на овој модел во меѓународни рамки.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close