Бугарија одлучи да купи осум борбени авиони Ф-16 за 1,2 милијарди долари

Бугарската влада одлучи за 1,2 милијарди долари да купи осум нови ловци Ф-16, објави бугарскиот весник Новините.

Новите авиони треба да ги заменат веќе дотраените авиони МиГ-29, кои биле купени кон крајот на осумдесеттите и почетокот на деведесеттите години.

Набавката на осум летала Ф-16 „блок 70“ е највредната набавка на оружје во Бугарија во последните 30 години.

Купувањето на авионите, оружје, пропратната опрема и системи ќе се изврши преку четири различни тендери.

Заменик министерот за одбрана Атанас Запарјанов изјави дека договорот вреден 1,25 милијарди долари ги вклучува леталата, муницијата, опремата и обуката на пилотите и дека постои опција американскиот Конгрес да помогне со 60 милиони долари. Тој кажа дека шест авиони Ф-16 со едно седиште и два со две седишта ќе бидат испорачани во 2023 година. Одлуката треба да ја одобри парламентот, но се очкува тоа лесно да мине бидејќи владејачката коалиција го има потребното мнозинство.

Министерството за финансии на Бугарија претходно соопшти дека за купувањето на авионите Бугарија ќе земе кредит во висина од околу 170 милиони долари.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close