Се продава приватен остров познат по својата убавина и една скандалозна измама

Приватниот остров Седлбек Кеј на Бахамите, кој служеше за промоција на фестивалот „Фајр“ (Fyre), познат како најголемата забава која никогаш не се случи, се продава за 12 милиони долари.

Светот островот го запамети по природните убавини, но исто така и супермоделите како Бела Хадид и Кендал Џенер, кои го красеа промотивниот спот.

Островот Седлбек Кеј бил во сопственост и на Пабло Ескобар и се верува дека бил користен во неговите шверцерски рути.

Иако фестивалот се покажа како апсолутна измама, истото не може да се каже и за островот, пишуваат светските медиуми.

Приватниот остров од над 14.000 квадратни метри има седум раскошни плажи, главна куќа и неколку помали колиби и еден од најдобрите морски пејзажи во светот.

Луксузниот фестивал, инаку, доживеа целосно фијаско – илјадници разочарани посетители за купените билети, кои често достигнуваа суми и до 49.000 долари, наместо луксузно сместување на островот ги дочекале потопени шатори, а ниту еден од концертите за кои платиле влезници не бил одржан.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close