Дали ја имаме новата туристичка дестинација за Македонците

Новата хит дестинација за младите Македонци претставува Романија, односно местата Мамаја и Констанца.

Сè повеќе туристи ја посетуваат оваa дестинација, додека некои ја нарекуваат „Нова Бугарија“, бидејќи цените се приближно исти (ниски).

Мамаја и Констанца се поубави од Будва, велат туристите. Има жичара, аквапарк и многу работи за да се посетат. Старите хотели се реновирани, а цените на храната се слични на нашите.

Единствена препрека на која може да наидете доколку се одлучите за оваа дестинација е слабата организација на македонските туристички агенции.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close