Нови закони пред пратениците, ќе се усвојуваат и извештаи за работа на државните агенции

Во Собранието на Република Северна Македонија за денеска закажани се седници на комисиите за труд и социјална политика, за политички систем и односи меѓу заедниците, за одбрана и безбедност, за финансирање и буџет и Законодавно-правната комисија. На дневен ред на Комисијата за труд и социјална политика е Годишниот извештај за работењето на Агенцијата за супервизија […]

The post Нови закони пред пратениците, ќе се усвојуваат и извештаи за работа на државните агенции appeared first on Скопје1.мк.

Во Собранието на Република Северна Македонија за денеска закажани се седници на комисиите за труд и социјална политика, за политички систем и односи меѓу заедниците, за одбрана и безбедност, за финансирање и буџет и Законодавно-правната комисија.

На дневен ред на Комисијата за труд и социјална политика е Годишниот извештај за работењето на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување во 2018 година.

Членовите на Комисијата за финансирање и буџет пак ќе расправаат по Годишниот извештај за работа на Комисијата за хартии од вредност на Република Северна Македонија за 2018 година

На седницата на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците се Предлог законот за изменување на Законот за прекршоците во прво читање, Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за празниците во Република Македонија во прво читање и Годишниот извештај за работата на Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија за 2018 година.

На седницата на Комисијата за одбрана и безбедност е Предлог законот за изменување на Законот за пожарникарството во прво читање.

 

The post Нови закони пред пратениците, ќе се усвојуваат и извештаи за работа на државните агенции appeared first on Скопје1.мк.

Close