Нема скара на отворено за „Лето без пожари“

Неконтролираното палење скара може да предизвика штети од големи размери. 746 пожари на отворено се регистрирани од почетокот на годинава само во Скопје. Превенцијата е еден од начините како да се заштитат граѓаните но и животната средина. Високите температури се причина повеќе граѓаните да постапуваат совесно. Полицијата ги запираше граѓаните кои беа дојдени на средно […]

The post Нема скара на отворено за „Лето без пожари“ appeared first on Скопје1.мк.

Неконтролираното палење скара може да предизвика штети од големи размери. 746 пожари на отворено се регистрирани од почетокот на годинава само во Скопје. Превенцијата е еден од начините како да се заштитат граѓаните но и животната средина. Високите температури се причина повеќе граѓаните да постапуваат совесно.

Полицијата ги запираше граѓаните кои беа дојдени на средно Водно за да им укаже на што најмногу да внимаваат.

Граѓаните сметат дека  свеста за тоа каде се  фрлаат  отпушоците се уште не е развиена во државата.

Последен поголем пожар во Скопје беше на Скопска Црна Гора во мај годинава кога изгоре голема дрвна површина. Според надлежните пожарот беше подметнат. Од крај на март на сила е забраната за движење во шуми. Лицата кои ќе бидат забележани дека се движат во овие предели ќе бидат казнети од 1500 до 2000 евра. Забрането е палење стрништа, плевер и други растителни отпадоци во ловишта а казните се од 1500 до 3000 евра.

The post Нема скара на отворено за „Лето без пожари“ appeared first on Скопје1.мк.

Close