Пацоли: Неприфатлив е третманот на БиХ кон Косово

Косовскиот министер за надворешни работи Беџет Пацоли изјави дека приштинска делегација нема да учествува на Самитот за соработка во Југоисточна Европа поради начинот на кој БиХ, како земја домаќин, го третира Косово.

Пацоли смета дека таквиот третман е неприфатлив и фрла сенка на неодамна одржаниот Самит на земјите од Западен Балкан во Познањ, Полска.

– Начинот на кој мислеа да ја третираат косовската државна делегација е неприфатлив, а тоа фрла сенка врз неодамна завршениот самит во Познањ во рамки на Берлинскиот процес, каде покажавме волја да бидеме конструктивни во регионалните иницијативи и организации. За жал, таа волја е погрешно разбрана од страна на сегашниот Претседавач со Претседателството на БиХ, тврди Пацоли.

Тој на својот Фејсбук профил напиша дека таквиот став кон Приштина, како следен лидер на Самитот за соработка во Југоисточна Европа, не е добар за БиХ, имајќи предвид дека тој форум е создаден со цел да се зајакнуваат добрососедските односи во регионот и целосната интеграција на ЈИЕ во евроатланските структури.

Претходно, косовскиот претседател Хашим Тачи нагласи дека одбил да присиствува на Самитот во БиХ, бидејќи поканата на претседавачот со Претседателството на БиХ, Милорад Додик била понижувачка, затоа што Косово не било третирано како останатите држави учеснички.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close