ВМРО ДПМНЕ: СДСМ ги уништува службите и ја загрозува безбедноста на државата

Директорот на Агенцијата за разузнавање, Еролд Муслиу, охрабрен од неговиот шеф Пендаровски, второто лице на Зоран Заев спроведува политичка елиминација на целокупниот оперативен кадар на Агенцијата. Според сознанија со кои располагаме, на местото за негов помошник назначил лице кое досега било ангажирано како проектен истражувач на НВО „Нексус“, истакна Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ. Еве […]

The post ВМРО ДПМНЕ: СДСМ ги уништува службите и ја загрозува безбедноста на државата appeared first on Скопје1.мк.

Директорот на Агенцијата за разузнавање, Еролд Муслиу, охрабрен од неговиот шеф Пендаровски, второто лице на Зоран Заев спроведува политичка елиминација на целокупниот оперативен кадар на Агенцијата.

Според сознанија со кои располагаме, на местото за негов помошник назначил лице кое досега било ангажирано како проектен истражувач на НВО „Нексус“, истакна Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Еве едно прашање до Пендаровски, дали претседател на оваа НВО е токму сопругата на Муслиу и дали „Нексус“ се наоѓа на домашна адреса на Муслиу, а формирана е само пред две години? Оттогаш речиси непрестано води проектни активности со градоначалници на СДСМ, работи на промоција на Пендаровски и учествува во работата на Комисијата за борба против тероризмот.

Оваа НВО, согласно јавно достапните податоци, во изминатиот период учествуваше во трки за проекти за превенција од радикализација и дерадикализација на терористи и верски радикали. Проектните активности на оваа НВО ги спроведуваше токму лицето Васко Шутаров, тогашен советник за тероризам, кој е сега унапреден на највисоко хиерархиско ниво како благодарност од Муслиу.

Почитувани,

Ова е класичен судир на интереси, проектни активности за борба против тероризам финансирани преку НВО и работно место советник за тероризам е сродна, споива и директно поврзана дејност. Ја повикуваме Антикорупциската комисија да го провери овој случај и јавно го прашуваме Стево Пендаровски:

  1. Дали познава било која сојузничка НАТО држава во која шефот на разузнавачката служба има регистрирано НВО на домашна адреса?
  2. Дали познава било кој припадник на сојузничка служба кој податоците добиени од работните активности ги преточил во проектни активности со цел за само 2 години стара НВО да сврти приходи од речиси 8 милиони денари?

 

  1. Дали познава директор на сојузничка разузнавачка служба кој унапредил колега кој му ја подготвувал проектната документација на семејната НВО, користејќи инсајдерски податоци? Слободно нека ги прочита анализите на оваа НВО и ќе му стане веднаш јасно, за што станува збор, истакна Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

The post ВМРО ДПМНЕ: СДСМ ги уништува службите и ја загрозува безбедноста на државата appeared first on Скопје1.мк.

Close