Захариева: Гоце Делчев е бугарин, оваа личност треба да не обединува, а не да не разделува

Гоце Делчев е заедничка историска личност за Македонија и Бугарија која треба да не обединува како народи, вели бугарската министерка за надворешни работи во интервју за БНТ. Захариева и натаму тврди дека вистината е дека Гоце Делчев е истакнат бугарски револуцинер. ,,Гоце Делчев е заеднички. Имаме заедничка историја. Точно тоа го кажува и Договорот за […]

The post Захариева: Гоце Делчев е бугарин, оваа личност треба да не обединува, а не да не разделува appeared first on Скопје1.мк.

Гоце Делчев е заедничка историска личност за Македонија и Бугарија која треба да не обединува како народи, вели бугарската министерка за надворешни работи во интервју за БНТ. Захариева и натаму тврди дека вистината е дека Гоце Делчев е истакнат бугарски револуцинер.

,,Гоце Делчев е заеднички. Имаме заедничка историја. Точно тоа го кажува и Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу двете држави. Во тој договор Бугарија сака да ја кажеме вистината. Гоце Делчев е бугарин, виден револуционер, една од најважните фигури и за нив, се борел за автономија на Македонија и Одринска Тракија. Не гледам зошто толку се караме за него. Мислам дека оваа личност треба да не обединува, а не да не разделува., вели Захариева во интервју за телевизијата БТВ.

 

The post Захариева: Гоце Делчев е бугарин, оваа личност треба да не обединува, а не да не разделува appeared first on Скопје1.мк.

Close