Цвете Делиоски е нов тренер на Фљамуртари Радолишта

Поранешниот фудбалер на тетовска Шкендија, Цвете Делиоски е именуван за нов тренер на ФК Фљамуртари од Радолишта, Струга, кој во следната сезона ќе се натпреварува во Третата лига – Југозапад.

38-годишниот Делиоски, изминатиов период беше предводник на неколку третолигашки екипи, а сега е пред предизвик со амбициозниот Фљамуртари да избори влез и во второлигашкото друштво.

Делиоски во играчката кариера беше дел од Пелистер, Напредок Кичево но и Шкендија, како и во албанските прволигаши Аполонија и Шкумбини.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close