Сочувство изрази и Еди Рама, премиерот на Албанија

По тешката сообраќајна несреќа што се случи на патот Скопје-Тетово, кај Карпалак, албанскиот премиер Еди Рама изрази длабоко сочувство до семејствата на загинатите, а на повредените им посака брзо закрепнување.

Рама на Твитер напиша дека „духовно се наоѓа покрај семејствата на настраданите”.

„Жал за трагедијата на автобусот во соседната земја Северна Македонија, каде што бројот на жртви и повредени шокираа и вознемирија толку многу семејства. Ние духовно сме покрај сите семејства и целата пријателска земја“, напиша Рама.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close