Кривични пријави за функционери на „Македонски шуми“ за дивосеча

СВР Струмица поднесе кривична пријава против Љ.П.(37) од Радовиш, Ц.Л.(62) од село Ораовица, радовишко и Ј.В.(58) од Радовиш поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“. Во текот на 2015 година првопријавениот, како директор на Шумското стопанство „Плачковица“-Радовиш, и второпријавениот, како референт за приватни шуми во наведеното правно […]

The post Кривични пријави за функционери на „Македонски шуми“ за дивосеча appeared first on Скопје1.мк.

СВР Струмица поднесе кривична пријава против Љ.П.(37) од Радовиш, Ц.Л.(62) од село Ораовица, радовишко и Ј.В.(58) од Радовиш поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.

Во текот на 2015 година првопријавениот, како директор на Шумското стопанство „Плачковица“-Радовиш, и второпријавениот, како референт за приватни шуми во наведеното правно лице, спротивно на Законот за шумите, издале одобрение за сеча на правно лице од Куманово. Исто така, третопријавениот, како референт за сеча и превоз во наведеното правно лице, спротивно на Законот за шумите, издал испратници за транспорт на дрвна маса на правното лицето од Куманово, кое не било регистрирано во регистерот за правни лица кои вршат промет со дрва и дрвни сортименти. Со ова, пријавените му овозможиле на сопственикот на правното лице од Куманово да се стекне со противправна имотна корист од 4.609.482 денари на штета на Буџетот на ЈП „Македонски шуми“.

 

The post Кривични пријави за функционери на „Македонски шуми“ за дивосеча appeared first on Скопје1.мк.

Close