СДСМ: Станува реалност проектот брана на река Отиња во Штип, вреден 7.5 милиони евра

Зборот важи! Проектот брана на река Отиња, кој граѓаните на Штип го чекаа 35 години конечно станува реалност. Како што најави премиерот Зоран Заев, Владата предводена од СДСМ ќе помогне во реализирање на овој капителн проект, вреден 7.5 милиони евра, се вели во соопштението од СДСМ. Станува збор за изградбата на брана со вештачко езеро, […]

The post СДСМ: Станува реалност проектот брана на река Отиња во Штип, вреден 7.5 милиони евра appeared first on Скопје1.мк.

Зборот важи! Проектот брана на река Отиња, кој граѓаните на Штип го чекаа 35 години конечно станува реалност. Како што најави премиерот Зоран Заев, Владата предводена од СДСМ ќе помогне во реализирање на овој капителн проект, вреден 7.5 милиони евра, се вели во соопштението од СДСМ.

Станува збор за изградбата на брана со вештачко езеро, со корисен волумен од 3 милиони метри кубни вода.

За граѓаните на Штип ова значи реализација на уште еден важен проект, кој отвора нови можности за развој на градот и околината, особено во делот на туризмот, угостителството, спортот и рекреацијата а дополнително ќе штити од поплави.

Ова е нов проект кој централната и локалната власт предводени од СДСМ заедно го реализираат на територијата на општина Штип.

Меѓу проектите коишто заеднички се спроведуваат во интерес на граѓаните во изминатите 2 години се и: новата детска градинка во населбата Сењак, обновата на училиштето „Тошо Арсов“, изградбата на експресниот пат Штип-Радовиш, Штип-Кочани, на локалниот пат кон Кошево и Почивало, автопатот Миладиновци – Штип и многу други проекти, се вели во соопштението од СДСМ.

The post СДСМ: Станува реалност проектот брана на река Отиња во Штип, вреден 7.5 милиони евра appeared first on Скопје1.мк.

Close