Трипуновски: Заев и СДСМ имаат пари да се луксузираат, а немаат пари за плати на вработените во АД Водостопанство

Додека довчерашниот Министер за земјоделство, Љупчо Николовски и Зоран Заев организираат скапи коктели 500 вработени во АД Водостопанство веќе два месеци немаат земено плата и се без здравствено и пензиско осигурување, истакна Цветан Трипуновски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ. Заев и СДСМ имаат пари да се луксузираат, а немаат пари за плати на вработените во […]

The post Трипуновски: Заев и СДСМ имаат пари да се луксузираат, а немаат пари за плати на вработените во АД Водостопанство appeared first on Скопје1.мк.

Додека довчерашниот Министер за земјоделство, Љупчо Николовски и Зоран Заев организираат скапи коктели 500 вработени во АД Водостопанство веќе два месеци немаат земено плата и се без здравствено и пензиско осигурување, истакна Цветан Трипуновски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Заев и СДСМ имаат пари да се луксузираат, а немаат пари за плати на вработените во АД Водостопанство. 500 фамилии се оставени без основни средства за егзистенција веќе 2 месеци. Веќе 2 месеци 500 луѓе не можат да отидат на лекар и да ги користат услугите на здравствениот систем.

Вработените кои имаат кредити или други ануитетни давачки 2 месеци едвај врзуваат крај со крај и мислат како да го дочекаат наредниот месец.

Воедно прашуваме зошто синдикатот на АД Водостопанство молчи за ваквата ситуација наместо да се бори за работничките права и за вработените на АД Водостопанство.

Ова е крајно нехумано кога знаеме дека од една страна се трошат пари за луксуз и се организираат скапи коктели, а од друга страна вработените од АД Водостопанство немаат плати и придонеси.

На сликата позади мене може да го видите довчерашниот министер Николовски и неговиот наследник Димковски како насмеани уживаат во луксузен коктел во Министерството.

Поради неспособниот менаџерски тим во АД Водостопанство не страдаат само вработените во претпријатието, туку и земјоделците, на кои не им се пружа адекватна услуга за која што плаќаат према претпријатието.

АД Водостопанство, иако има обврска да ги чисти и одржува каналите за наводнување тоа го нема направено во поголем број на региони во Република Македонија. Па така земјоделците наместо да наводнуваат се соочуваат со суви ниви што директно ќе се одрази врз приносот односно егзистенцијата на земјоделците.

Време е оваа ненародна власт, која ужива во раскош и луксуз додека земјоделците солзи ронат да си замине. Потребни се нови и применливи политики за унапредување на македонското земјоделство, истакна Цветан Трипуновски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

The post Трипуновски: Заев и СДСМ имаат пари да се луксузираат, а немаат пари за плати на вработените во АД Водостопанство appeared first on Скопје1.мк.

Close